Реткост е да ги видите на дело големите мајстори на својата професија, а за среќа Македонија го има Пандев, сè уште активен и во одлична форма, демонстрирајќи ја својата класа дури и на залезот на кариерата. Веќе две децении важи за еден од најдобрите и најконстантните играчи во италијанската Серија А, а со неговите голови и со освоените трофеи направи неговото име да биде прва асоцијација кога ќе се спомнат Македонија и фудбал во иста реченица. Затоа ни претставува чест, што името Горан Пандев му се придружи на семејството на Државна видеолотарија.
– Ја поздравувам оваа наша нова соработка и драго ми е што се случи, бидејќи Државна видеолотарија е пријател и на македонската фудбалска репрезентација. Ова лето што доаѓа ќе биде историско за нас, се надевам дека ќе приредиме радост и убави моменти како за играчите на Државна видеолотарија, така и за целата македонска јавност. Драго ми е што сум најновото заштитно лице и што ќе можам да помогнам во промоција на одговорно играње, а преку тоа промоција на фудбалот и генерално на спортот, вели Горан.
Рекордер е во македонската репрезентација и по настапи и по број на голови, со 114 одиграни натпревари и 36 постигнати гола. Последниот од нив дојде во вистински момент, за да ја совладаме Грузија со 1-0 и да избориме историски пласман на Европско првенство. Тоа ќе биде настанот кој ќе ја одбележи 2021, иако пред македонската фудбалска репрезентација стојат и други предизвици.
– Секако дека Европското првенство ни е најважно ова година, но дури да почне тоа ќе отвориме едно друго поглавје за нашата репрезентација, квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Никако не смееме да ја потцениме оваа задача. Имаме желба и мотивација да го надградиме успехот од минатата есен и да продолжиме да растеме како репрезентација. Да покажеме дека Македонија уште долго ќе има што да каже во фудбалот, истакна Пандев.
Македонската репрезентација ќе ги почне квалификациите за СП 2022 на 25 март, на гости кај Романија, а на 28 март, во Скопје, Пандев и другарите ќе се обидат да нè израдуваат со победа над Лихтенштајн.