Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија.

Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.