Орце Ѓорѓиевски истакна дека во Кисела Вода се обезбедени 70 километри патна инфраструктура, повеќе од 20 спортски терени и градинки за сите дечиња
На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, свое обраќање имаше градоначалникот на Кисела Вода. И кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека во изминатите четири години во општината се реализирани клучни проекти. 70 километри патна инфраструктура, градинки за сите дечиња и повеќе од 20 спортски терени.
„Во минатото институциите имаа затворен однос, а денес ситуацијата е различна откако претседателот Христијан Мицкоски ја презеде Владата. Еден од најголемите проблеми беше недостатокот на места во градинките во Кисела Вода. Наследивме општина со над 450 деца на листи за чекање, но со градинката во Потстаница и другите објекти ги сведовме листите на нула. Тоа е сериозен успех. Дополнително, вложуваме и во образованието – во моментов доградуваме две основни училишта за да овозможиме едносменско работење, со што ќе се подобрат условите за родителите и ќе се намалат трошоците за општината и училиштата“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека во Кисела Вода се изградени повеќе од 20 спортски терени. И дека општината доби модерна и современа патна инфраструктура.
„Повеќе од 20 спортски терени се изградени во последните четири години. Во моментов се градат три нови спортски сали, а четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура реализиравме во Кисела Вода и обезбедивме подземна водоводна и одводна мрежа за сите населени места. Дополнително, се справивме со проблемот во Расадник каде поништивме 99 маркици за градба, ставајќи ред во урбанистичкиот хаос“, изјави Ѓорѓиевски.