Кога станува збор за Вардариште мило ми е дека сте го констатирале тоа, односно дека Вардаришт престана да смрди. Добивам позитивни коментари од граѓаните , но и прашања кои вие ги поставувате , а тоа е кога конечно ќе завршиме, затоа што почнаа да веруваат во нешто што не веруваа ,  а тоа е дека Вардариште ќе се претвори во еден голем парк, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.

На Скопје му недостасуваат зелени површини , изминатиот период еве ако ја видите и состојбата во Бутел(еве малку ќе се отргнам од Вардариште) , но морам да го споменам како концепт , постапуваме на повеќе жаришта кои што беа низ градот изминативе 30 години, да ги исчистиме, да ги истретираме , согласно физибилити студии, согласно закон , во соработка со Министреството за животна средина со екперти и да не дозволиме понатаму повторно да се претворат во депонии , истите ги претвараме во паркови или некоја друга содржина која што е корисна за граѓаните , јас таква пракса имав и во Кисела Вода , откако сватив на почетокот на мандатот дека не е доволно само да истретирате една депонија, затоа што прашање е на време , немаме довилно инспекциски служби, кубириме со кадар и затоа преминав кон моделот да ги претворам во одредена содржина изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.

Она што направивме на повеќе од 50 000 квадрати во Бутел. Таму се изборивме и против урбаната мафија која што сакаше да го направи тој простор со згради . Што значи дека тоа место шро беше депонија во минатото , за кое што одредени политичари сакаа да го претворат за место со згради , успеавме да создадеме зелена површина кое ќе остане траен белег за идните генерации .

Можеме сами да го спроведеме она што било сон на многу генерации, не ни требаат донации . За Вардариште завршиме со процесот на отгасување таму, Има незначителна количина на метан и сега влегуваме во втора фаза на деконтаминација, односно чистење на целиот потег . Веќе проектот се спрема и за многу скоро од денес , за месец и половина ќе објавам како ќе изгледа паркот таму . Откако ќе завшиме со деконтаминација таму ќе бидат нанесени слоеви на земја за парк и ќе ги видите сите содржини кои и граѓаните ќе можат да дадат идеи, изјави Ѓорѓиевски.

Ние ги користиме ресурсите на нашите јавни претпријатија , но за Вардариште и владата помага . Знаете дека во непосредна близина на Вардариште ја градиме и пречистителната станица . Во рамки на тој проекти и владата ќе ни помогне со средства за чистење на Вардариште. Така да градот Скопје нема да го чини нисто деконтаминацијата, тоа го покрива владата .изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.