Гори објект лоциран во Илинден, кај клучката за влез во Скопје, дознава „Скопје1“. Според првичните информации зафатени се повеќе простории од истиот, а непознато е како е опожарен.
Пожарот избувнал во „Нула отпад“, складиште за отпад, меѓу кое има и пластика. Ова го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Истовремено, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али посочува дека горат пластични работи.
View this post on Instagram
Преземено од Скопје1