Во СВР Тетово вчера во 17.30 часот било пријавено дека настанал пожар во Национален парк „Маврово“, на место викано „Црн камен“, во атар на с.Леуново.

Со пожарот биле зафатени сува трева и смреки, а повредени лица нема.

Пожарот е изгаснат од вработени од Националниот парк „Маврово“, а увид извршила екипа од СВР Тетово.