Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија од 27.04.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,324% или за 56,900 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,817% или за 34,650 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 3,394% или за 41,450 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 8,305 или за 47,000 $/тон.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 52,6868 ден/$ и е за околу 0,3444% повисок од курсот на доларот (52,5059 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, односно од 27-ми април.

Во оваа пресметка земени се во предвид и Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, како и Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 93/26), со кои се овозможува да се продолжи времетраењето на намалениот износ на акцизата за 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи. Исто така е продолжено и времетраењето на Одлуката за намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во износ од 10%, со исклучок кај дизелските фракции и мазутот.
Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,47%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 93,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 3,064 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,720 ден/кг.