Триесет и шестгодишната гостиварка А.Д. вчера (13 јуни) во 16 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 50 минути во деловна канцеларија на улица „Илинденска“ во Гостивар физички била нападната од Е.Б.(50) од Гостивар, а поради нерасчистени должничко-
доверителски односи со нејзиниот сопруг.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.