Сепак, од градот, потврдуваат дека имале договор со Првиот скопски извиднички одред, кој, како што велат, сега го прекинуваат.
Тврдат дека во проектната документација што ја добиле, не било наведено дека таму ќе се одржуваат скандалозни активности.
–Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност, ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата.
Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред.
Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти, туку исклучиво од професионалци во областа“, се вели во соопштението од Град Скопје.