Советниците на СДСМ кои се дел од Советот на Градот Скопје кои се добро информирани за извештаите и одлуките кои се гласаат на Советот на Град Скопје, би требало наместо да пласираат лажни вести во јавноста, точно да знаат во каква состојба ги остави јавните претпријатија Петре Шилегов кој беше градоначалник од нивните редови, стои во соопштението на град Скопје.

Од таму посочуваат дека граѓаните треба да знаат дека ЈП Лајка и неговата независна финансиска состојба е последица на неодговорното работење на претходното градско раководство.

– Претпријатието е руинирано, оставено со наследени долгови во износ над 10 милиони денари. СДСМ треба да го праша својот кадар претходниот градоначалник Шилегов зошто во ЈП Лајка биле ненаменски трошени средствата за редовно работење, зошто редовно не биле наплатувани средствата од скопските општини според трипартирните договори,и зошто без мерка се трошеле парите на граѓаните со што е доведено претпријатието во милионски долгови. Лошото управување и трупањето на долгови без мерка е одлика на претходното градско раководство. Работата на кадарот на претходниот градоначалник резултирало со над десет милиони денари натрупани долгови само за ова јавно претпријатие, се појаснува во соопштението.

Град Скопје додава дека е лага дека во ЈП Лајка нема хуман третман на уличните кучиња, туку дека напротив, односно кучињата се третираат на најсоодветен начин, но и се работи на консолидација на претпријатието кое претходното раководство го довело до раб на пропаст.