Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3 792 562 000 денари (38 проценти), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 244 325 000 денари (12,5 проценти), Материјали за армирање и прицврстување со 1 238 551 000 денари (12.4 проценти) итн.
Градежните фирми лани потрошиле за 3,6 проценти повеќе материјали и енергија
Г
Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2020 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.975.478.000 денари, што е за 3,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.