Заштита на најмладите – пречистувачи за воздух во градинките и училиштата
Општина Кисела Вода ја започна инсталацијата на пречистувачи за воздух во градинките и училиштата, со цел да обезбеди поздрави услови за престој и да го намали ризикот за здравјето на децата. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја посети градинката “Синоличка” при ЈДГ “Весели Цветови”, една од првите институции каде се поставени уредите.
При посетата, таа разговараше со вработените за значењето на мерката, која директно придонесува за подобрување на условите за престој и благосостојбата на најмладите.
Пречистувачи и во училиштата и спортските сали
Покрај градинките, пречистувачи се поставени и во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, како и во ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Ова е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за почиста и поздравa животна средина, особено во објектите каде што секојдневно престојуваат деца и млади.
Општината претходно постави пречистувачи во сите училници во основните училишта на својата територија, како и во поголемите паркови, со цел подобрување на секојдневното функционирање на граѓаните.
Стратегија за подобар квалитет на живот
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна:
– Грижата за здравјето на нашите најмлади е еден од нашите највисоки приоритети. Со поставувањето на пречистувачи за воздух во градинките, училиштата и спортските објекти, создаваме поздрави услови за престој и развој на децата. Ова е дел од стратегијата на Општина Кисела Вода за почиста животна средина и за подобар квалитет на живот за сите наши сограѓани, заложба од која нема да отстапиме.
