Како што информира Општина Аеродром, прва локација што беше мониторирана е локацијата кај ФФМ, каде што во програмата е предвиден мегапарк, а во моментов е дива депонија. При инспекцискиот надзор биле затечени неколку камиони од приватни компании што носеле и истурале шут.

Како што и ветивме во програмата, ние се фаќаме за работа од првиот ден. Денеска бевме во обиколка со инспекциските служби на терен да ги мапираме дивите депонии кои се еден од најгорчливите проблеми за општината. На самото место денеска заедно со инспекциските служби сосема случајно затекнавме два камиона од приватна компанија, кои истураа градежен шут на местото каде што сакаме да креираме парк, изјави градоначалникот Муцунски.