Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го доби Уверението за новиот 4-годишен мандат.
Ганиу при тоа истакна дека вратата на Општина Чаир отсекогаш била и останува отворена за сите без разлика кој тропа на неа.
– Сакам да напомнам дека ова е мандат добиен со целосна доверба на чаирчани, е мандат кој целосно го посветувам на чаирчани како и изминатите четири години. Со мојот тим, но и со новите општински советници, секако дека ќе се обидеме да го направиме најдоброто за нашиот Чаир, истакна Ганиу.
Тој потсети дека во Чаир последните четири години реализирани се над 200 проекти во сите области – образование, подземна инфраструктура, канализација, осветлување, зеленило, енергетската ефикасност, култура, локалниот економски развој, нула кучиња бездомници, дигитализација на комуналните услуги.
-Но, бидејќи моите Чаирчани го заслужуваат најдоброто, ја составивме Програмата 2021-2025 која веќе почнавме да ја спроведуваме без губење време и оваа програма е многу реална и целосно се совпаѓа со потребите и благосостојбата на Чаирчани. Уште еднаш ги поканувам сите жители на Чаир да бидат заеднички партнери и да го водиме Чаир, како што го водевме досега, бидејќи Чаир е наша заедничка гордост, додаде Ганиу.
Тој потсети дека Чаир е многу посебен и многу убав.
-Затоа, ве повикувам заеднички да го чуваме Чаир на тој светол пиедестал. Ќе продолжиме со нови сили, слушајќи само еден глас – гласот на народот и полни со нови проекти само за доброто на Чаир, заклучи Ганиу.