Меѓу присутните на блокадата која се прави под мотото „Доста е, излези за Македонија“ беа забележани и членовите на највисокото партиско раководство. Учесниците се категорични во своите барање и сметаат дека се подготвува продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и од Владо Бучковски.

-Ова што го прави Зоран Заев е класично продавање на се што е македонско. Оваа Влада ни вети европска перспектива, влез во најголемото европско семејство. Наместо тоа, добивме само огромно разочарување. Македонците станаа резил пред светот. Де Грците, де Бугарите, сите се играат со нас како тие ќе посакат, ни рече еден учесник на блокадата.

Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека партијата нема да дозволи предавство и ќе се спротивставува на црните сценарија кои СДСМ на чело со Зоран Заев ги планира во наредниот период.

-Доколку ваквите блокади не вродат со плод и власта да има слух за барањата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира институционални блокади, се со цел власта да биде разумна и да ги слуша барањата на граѓаните, а не да владее самоволието кое што е се повидливо, истакна Арсовски.