Во периодот од 28 март до 11 април, 2024 година на 12 клучни локации во Скопје беа реализирани дегустации кои значајно придонесоа во доближувањето на европскиот квалитет и безбедност на храна до свеста на потрошувачите и истовремено ги воодушевија со вкусот на праските.
Во текот на реализацијата на проектот, сите конзументи кои беа дел од ова извонредно искуство, добија информации со цел продлабочување на нивното познавање за европските конзервирани праски. За подетални информации добија брошури со детали за суштината на кампањата финансирана од ЕУ, со акцент на производите и високите стандарди за производство – синоним за европските конзервирани праски. Покрај деталните информации, сите присутните имаа ексклузивна можност да пробаат конзервирани праски од Грција.
Проектот “Вкусот на праските” е инициран од Делкоф СА (Delcof S.A.), Грчката мрежа за индустрија на конзервирано овошје и има за цел да ги промовира висококвалитетните конзервирани праски, произведени во Република Грција, согласно највисоките стандарди за безбедност на храната.
За дополнителни информации, посетете ја официјалната веб страница на кампањата: https://www.peachflavors.eu или официјалните канали на Фејсбук: https://www.facebook.com/peachflavors и Инстаграм: https://www.instagram.com/peachflavors.