Грипот продолжува да претставува сериозна закана, особено за постарите лица и деца. Бројот на заболени покажува благо намалување, но вирусот сè уште ги полни амбулантите и болниците, а бројот на случаи достигна 14,340.

Грип најмногу има во Скопје, Битола, Струмица и Штип

ИЈЗ регистрирал 2726 нови случаи само минатата недела, со најмногу заболени во Скопје, Битола, Струмица и Штип. Според Марија Андоновска, директор на ИЈЗ, има намалување  во споредба со минатата недела. Но исто така бројот на заболени оваа сезона е значително поголем отколку лани.

Грипот најчесто е со тешка клиничка слика

Лекарите ја изразуваат загриженоста не само поради статистиката, туку и поради експлозијата на симптомите, кои често вклучуваат тешки клинички слики што траат повеќе од една недела. Хронично болните пациенти завршуваат во болница поради компликации предизвикани од вирусот.

Кои се препораките на властите?

Како превенција, здравствените власти препорачуваат ограничување на собирите во затворени простории, избегнување на контакт со болни лица и редовно миење на рацете. Освен тоа, важно е да се носат маски во здравствени установи и да се загреваат просториите.

Грипот ја зголеми претпазливоста: Посетите во болниците забранети, маските задолжителни

Вирусот на грипот сè уште не е под контрола, а заштитата останува клучна за спречување на понатамошно ширење на болеста.

Извор: Сител