Вицепемиерот, Артан Груби, рече дека „огнените“ најверојатно веќе не постојат пред денешната седница на Централното претседателство на ДУИ во Мала речица. Оваа изјава на Груби следи откако на седницата се појавија и предводниците на „огнената група“ Изет Меџити и Муса Џафери.

Објаснувајќи за што ќе се разговара на седницата, Груби беше прашан, а која ќе биде темата на „огнените“.

-Не верувам дека веќе постојат – рече тој.

Непосредно пред седницата, пак, оваа група во ДУИ објави листа на разрешени функционери, кои, како што рекоа од таму, се разрешени бидејќи му се спротивставиле на Груби.