Групна тепачка во која учествувале повеќе жени била пријавена синоќа во скопската населба Кисела Вода.

Според информациите од полицискиот билтен, настанот бил пријавен во СВР Скопје околу 20 часот, кога било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Во тепачката учествувале Н.Т. (66), И.Т. (38), А.Н. (30), М.Н. (85), М.К. (62) и С.Н. (59), сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.