Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење.
Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Пријавениот во временски период од околу три месеци во 2026 година следел 33-годишна жена од Кочани, на коа ѝ упатувал и закани доколку не биде во љубовна врска со него, истиот ќе објавел експлицитни фотографии и видеа кои тајно ги снимал.
