Парите ќе бидат искористени за изградба на центар за истражување, зголемување на капацитетот за обработка во облак и финансирање партнерства со локални организации, соопшти Гугл.

Инвестицијата во рамките на Иницијативата за дигитална иднина треба да отвори 6.000 работни места директно во Австралија, а ќе бидат поддржани вкупно 28.000 работни места.

Според шефот на Гугк Сундар Пичаи Австралија може да биде еден од лидерите во новиот светски бран на иновации и да ја искористи технологијата во обид да го подобри животот на граѓаните, да создаде работни места и да напредува.

– Одлуката на Google ќе биде од голема корист за австралиските компании во закрепнувањето на економијата кое е пред нас. Компанијата ќе инвестира во партнерства со локални организации, вклучително и Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (CSIRO), рече Морисон.