Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини.
Како што информира АМСМ на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На граничниот премин Табановце, чекањето за излез од државата е околу 30-40 минути. Причина се големиот број наши државјани кои од вчера патуваат во Србија, каде викендов имаат закажани термини за вакцинирање, најмногу во Ниш.