Павлески беше претседател на Комисијата за локална самоуправа на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатите осум години.
-Спремен сум по завршување на партиската постапка и сондажа на јавното мислење да влезам во нова битка и да ја предводам општина Аеродром да биде не само најдобра во државата и регионот, тука да се мери со европските општини по квалитетот на живот на своите граѓани. Тоа го заслужуваме, вели Павлески.
Рече дека очекува поддршка од неговите сопартијци и од согражаните.
На 5 јули годинава актуелниот градоначалник Златко Марин информираше дека дека во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја доставил кандидатурата за уште еден мандат.