Аналитичарот Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24 претпладнето најави дека енергетската криза што ќе се пресели од Европа во Македонија ќе се плати со дополнителни оданочувања.

„Ние имавме таква ситуација во комунизмот, загубата се акумулираше во тогашен „Макпетрол“ и кризата финансиска беше врзани садови. Сите денешни долгови се утрешни даноци, рекол нобеловецот Фридман“, смета поранешниот министер за финансии.

Според Хајредини, поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и дека треба на клучните позиции државата да постави постручни луѓе за справување со вакви ситуации.

„Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се правилажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите..

Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите““, наведе Хајредини