Процес за разрешување на државниот обвинител
Предлогот за разрешување на државниот обвинител, Љупчо Коцевски, е поднесен во Министерството за правда, а Советот на јавните обвинители има рок од 15 дена за одлука.
Изјава на премиерот Мицкоски
„Коцевски имаше доволно време да покаже бескомпромисност, но не ја оправда довербата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Коцевски сѐ уште го напаѓа Хајрулахи
Државниот обвинител сѐ уште се иззема од одговорност и го напаѓа Мустафа Хајрулахи.
„Мојот мандат се одвиваше законски, а распоредот на Хајрулахи беше истечен, што значи дека замените не можеа да го обноват“, посочи Коцевски.
Хајрулахи за Радио Лидер одговори на обвинувањата од Коцевски
За скандалите и криминалите во обвинителството утрово имавме ексклузивно интервју со обвинителот Мустафа Хајрулахи. Тој изнесе документи, а откри и многу информации за Љупчо Коцевски, но и целата поранешна судска фела.
За притисоците кои се вршеа кон мене од обвинителот Коцевски беа причина за работата да стигне до овде кајшто е стигната. Кај нас за жал, ретки се обвинителите со свое јас. Тоа е запрепастувачки. Не може обвинител да нема свое јас, а да гони криминал. За жал 90 отсто од обвинителите се такви, вели Хајрулахи за Радио Лидер.
Обвинителот Хајрулахи во текот на емисијата соопшти дека неговото разрешување не е законски извршено и дека нема услови за тој да е суспензиран. Хајрулахи вели дека ги исполнува сите услови, а тој се повика на повеќе членови првенствено на членот 9.
Шефот го избира Советот на јавни обвинители. Советот не ме разреши мене затоа што немаат таква ингеренција, додава тој.
Повеќе од неговото денешно гостување може да прочитате во продолжение:
СДСМ сѐ уште го брани Коцевски – обвинува за партизација
И покрај фактите презентирани од Мустафа Хајрулахи претседателот на СДСМ, Венко Филипче сѐ уште го брани Коцевски. Тој предупреди дека владините иницијативи може да ја нарушат независноста на правосудниот систем.
И покрај ниската доверба од 2 отсто во правосудниот систем, СДСМ е против промени во Судскиот совет. Се огласи и Филипче:
„Владата сака да интервенира со промена на членовите на Судскиот совет, но ова не е реформа, туку упад и партизација“, рече Филипче занемарувајќи ги фактите презентирани од незаконски разреѓениот Хајрулахи.
Филипче зборува за реформи.
„Ако сега се смени Судскиот совет без почитување на Планот за раст, реформите ќе се одложат за шест години“, нагласи тој.
После сите овие факти кои утрово ги презентираше Хајрулахи за Радио Лидер останува прашњето: Зошто Филипче се плаши од независно правосудство?