Хамас вчера ослободи двајца американски заложнички „од хуманитарни причини“, објави Sky News. Кабинетот на израелскиот премиер ги именуваше како Џудит Раанан и нејзината ќерка Натали Раанан. Мајката има 60, а ќерката 18.

Абу Убаида од вооруженото крило на милитантната организација рече дека ослободувањето е одговор на напорите за посредување на Катар. Тој додаде дека заложниците биле ослободени за „да му докажат на американскиот народ и на светот дека тврдењата на Бајден и неговата фашистичка администрација се лажни и неосновани“.

По ослободувањето на заложниците, израелскиот премиер Нетанјаху рече дека неговата земја ќе се бори до победа, сугерирајќи дека нема да ги запре нападите врз Газа.