На 02.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:10 часот пред угостителски објект во Скопје, С.Н.(30) од с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нападнат од Н.Љ. и Џ.Љ., при што Н.Љ. му нанел повреда со остар предмет, а Џ.Љ. го удирал со тврд предмет.

Според пријавеното, Џ.Љ. со тврд предмет го нападнал и А.Б.(20) од с.Батинци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.