На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека Горан Мисовски продолжи со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија, вели во соопштението испратено до медиумите Кристијан Трајковски од НСДП.

-Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на Горан Мисовски. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат. На крај видовме како, извршителите на Горан Мисовски го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и Мисовски и неговите приврзаници ги уништија сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП. Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП, истакнува Трајковски.

-Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесена од овој состав на делегати е нелегитимна, додава тој.