Пандемијата го направи своето, имало пандемии и некогаш, но мерките денес мора да бидат рестриктивни и порестриктивни од тоа што граѓаните го очекуваа, но принудени сме на тоа, токму и заради празниците кои доаѓаат, рече заменик министерот за здравство Илир Хассани.
– Се наоѓаме во тешка ситуација, пред избор или да го ограничиме постот, или ќе се затвориме и за Бајрам и за Велигден. Ако сега не ја донесовме одлуката, со сигурност за празници ќе бевме затворени, рече Хасаби.
Сепак, рече тој, граѓаните и за празниците ќе мора да внимаваат, бидејќи одењето на гости особено кај постарите може да биде фатално.
– Мора со овие непопуларни мерки да ги заштитиме луѓето, но и здравствените работници. Британскиот сој е многу полош отколку што очекувавме. Да празнуваме сите безбедно, рече Хасани