6.000 гости во моментов престојуваат на ривиерата Будва, објави Туристичката организација на Будва. Според груби проценки, хотелите се полни до 60 проценти.
Ивана Ребиќ од Туристичката организација на Будва изјавила дека 4.500 гости биле сместени во хотелите во Будва, а 1.500 во приватно сместување, пренесува Танјуг.
– Повеќето гости пристигнаа од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Украина и Русија, рекла Ребиќ.