Од вчера граѓаните купуваат поскап бел леб за околу 10 отсто. Според информациите од мелничко пекарската индустрија зголемувањето на цените на основниот прехранбен производ се должи на растот на цената на пченицата на светските берзи.
Иако се најавува стабилизирање на цените на храната и стагнација на инфлацијата засега тоа не се случува. При секое пазарување граѓаните непријатно се изненадуваат од нови повисоки цени на производите кои најчесто ги набавуваат.