Крај за организираната хајка против директорот на АНБ

– Правдата понекогаш е бавна, но секогаш доаѓа… – вака кратко директорот на АНБ Бојан Христовски во телефонска изјава за Радио Лидер ја коментираше одлуката на Државната комисија за спречување на корупција која одлучи дека тој ги исполнува сите законски услови да ја води Агенцијата за национална безбедност.

Христовски додаде дека на почетокот ги демантирал лажните обвинувања околу неговите сертификати и квалификации, но, кога видел дека очигледно станува збор за организирана хајка одлучил да ги остави институциите самите да се уверат дека тој ги исполнува сите услови.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). На денешната седница, ДКСК потврди дека Христовски ги исполнува законските услови за позицијата според Законот за АНБ.