Хрватски навивачи кои учестувале во жестоката тепачка во Атина со фанови на АЕК и на Панатинаикос, денеска се обиделе да избегаат во Македонија. Едно комбе со седуммина навивачи е сопрено на Евзони, грчко-македонскиот премин, пренесува 24info.mk.
Грчките медиуми известуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Во комбето биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон својата држава.
Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега.