Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура беше во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност.