Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието.

Го овласти потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година.

Талат Џафери во недела треба да биде изгласан во Собранието за технички премиер, а претседател на Собранието до изборите ќе ја извршува Јован Митревски од СДСМ.