Вечерва, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со екипите на Град Скопје, се впушти во големата акција за чистење на општината.
„Со Град Скопје почнавме голема акција за чистење на Центар. Во акцијата е вклучена целата механизација на општината и сите наши вредни хигиеничари ќе го чистат сметот од контејнерите, улиците и булеварите. Упатувам голема благодарност за секој еден хигиеничар кој секојдневно ја докажува својата грижа за Центар. Да ја чуваме чистотата, тоа е наша заедничка одговорност!“ – порача Герасимовски.
Од Општина Центар информираат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се подобри хигиената на јавните површини и да се исчистат сите критични точки низ општината.
Граѓаните се повикани да придонесат кон одржувањето на чистотата, а локалните власти најавуваат дека ваквите акции ќе станат редовна практика за поуреден и почист Центар.
