Минатата 2020 година традиционалната свеченост беше замената главно со виртуелна и видео-врски поради пандемијата на Covid-19.
Мислиме дека сите би сакале да заврши пандемијата на Covid-19, меѓутоа не е така“, се истакнува во соопштението на Нобеловата фондација.
Извршниот директор на Нобеловата фондација, Видар Хелгесен, истакна дека наградите „добиваат нови форми“ и дека организаторите се обидуваат да допрат до што поголем аудиториум со помош на модерните технологии.
Мислам дека секој би сакал да заврши пандемијата, но тоа не го постугнавме, Нобеловата награда е глобален настан. Секоја година се избираат лауреатите од сите континенти. Неизвесноста со променливата состојба со пандемијата и можностите за меѓународни патувања се причината што добитниците за 2021-ва ќе ги добијат своите медали и дипломи во нивните земји, рече Хелгесен.
Организаторите притоа се надеваат дека ќе можат да одржат мало локално доделување на наградите, на којашто не би биле присутни лауреатите. Нобеловата фондација вели дека церемонијата ќе биде емитувана телевизиски, а преносот во живо ќе биде достапен на платформата на Нобеловата награда.
Добитниците на престижните награди за мир и книжевност, како и за научни достигнувања во областите на медицината, физиката, хемијата и економијата, ќе бидат обајвени меѓу 4-ти и 11-ти октомври.
Според тоа, добитниците на Нобеловите награди во декември годинава ќе ги добијат во домашни услови, малата локална церемонија ќе се одржи во Градскиот совет во Стокхолм на 10-ти декември , а за настанот во Осло сѐ уште не е донесена одлука, но дефинитивните одлуки ќе бидат донесени кон средината на октомври.