И македонското МВР се вклучи во потрагата
Министерството за внатрешни работи врши проверка на лицето осомничено за терористичкиот напад во Виена по доставеното барање од австриските власти, информираат надлежните. Станува збор за 19-годишен австриски државјанин, чии родители се со потекло од Македонија.
„Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање“, информираат од МВР.
Уапсени двајца мажи, соопштени се деталите
Во Виена упасени се двајца мажи кои планирале терористичкиот напад да го извршат на концертот на Американска поп ѕвезда Тејлор Свифт. Според директорот на Јавната безбедност Франц Руф има и други осомничени.
Од безбедносни причини откажани се трите концерти Свифт во Виена. Одлуката доцна синоќа ја соопшти организаторот на концертот, Barracuda music. Во австриската престолнина пристигнале фанови од цела Европа.
Која била целта на првоосмничениот Беран?
Според австриските безбедносни сили, по двете апсења, минимизирана е опасноста од конкретната закана, но сепак постои апстрактна закана. Превентивно биле расчистени и куќите во близина на домот на осомничениот, поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.