Слободен печат дознава дека на дел од вакцините кои ги имаме на залиха им истекува рокот на крајот на ноември, по што оние кои нема да бидат аплицирани, ќе мора да бидат уништени. Како што дознаваат, во моментов има околу 30.000 вишок на вакцини.

Дел од вакцините на Фајзер, пак, рокот им истекува во јануари и во февруари, но тие се трошат побрзо, бидејќи третата доза е исклучиво од овој производител. Притоа, од Синовак има останати околу 5000 вакцини со рок на траење до 2023 година.