СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Г.(56), Ј.Т.(51), двајцата од село Требош, С.Л.(47) од село Шипковица, Е.Х. (66) од Тетово и И.М.(50) село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.

На 19.02.2023, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Мурат Бафтијари“, при што ги затекнале лицата при играње комар и од нив биле одземени пари во различни апоени и други предмети.