Честит Илинден!
Во предвечерието на најголемиот македонски празник, Илинден сакам да се потсетиме на тоа дека Илинден не се 24 часа кои се наменети за прослава, туку тоа е приказна, идеја и СУШТИНА која живее во секој искрен Македонец.
Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ
За мене, Илинден е најсветлиот ден во нашата историја. Токму Илинден е денот кога македонскиот народ ги презел работите во свои раце и целосно се обединиле против тиранијата. Илинден е одраз на патриотски чин, одраз на поривот на македонскиот народ кон долгопосакувата слобода. Илинден е симбол на македонската борба, ИДЕНТИТЕТ и НЕПОКОР, а Македонија не е само татковина, туку е идеал кој како оган тлее во нас. Илинден е истрајност, Илинден е светост и нешто за кое СЕКОЈДНЕВНО треба да се бориме.
Треба да разбреме едно нешто, дека Илинденците биле обични луѓе, селани, учители, земјоделци… Луѓе кои со својот карактер го докажале со својот борбен дух и ни овозможиле нам посветла иднина. Илиндени секогаш може да има, потребна е само посветеност, желба и луѓе спремни за промена.
Со сила убавина нема. Некои се „патриоти“ заради шема, други заради фунција, а ние сме тоа што сме од срце и од душа – без никакви задни намери. Доволно е да знаете дека „цвеќето засадено без љубов секогаш овенува“, а на ваквите рокот кратко им трае.
Честит Илинден, барем на малкуте со чист образ, искрени намери и идеали. „Подобро ужасен крај отколку ужас без крај“. Да сте ми живи и здрави, на вас малкуте со искрен и чист дух. Борбата за Македонија продолжува.
Боемот 2.0
View this post on Instagram