Поради беспрекорно одржување на 4. Stopanska Triogy Triathlon 2024, утре (19 мај) сообраќајот ќе биде ограничен на бул. „Илинден“. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 8.15 до 12.30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Никола Парапунов“.
Исто така, ќе биде затворена за сообраќај и улицата околу СЦ „Борис Трајковски“. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Ви благодариме за разбирањето и ве молиме за трпение и поддршка за нашите сограѓани и гости од странство – велат од Триоги рејсинг Скопје, организатори на трката.