На железничко стојалиште „Црвени Брегови“, вчера во 15.40 часот при обид на три лица мигранти да се качат во товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, едно од нив кое било од Индија, паднало и се здобило со повреда, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По незгодата лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Неготино.