Во моментов заклучно со 10 месец од годинава капиталните инвестиции во државата не надминуваат 15 милијарди денари или 250 милиони евра. Ако некој планира 3 милијарди тоа значи дека овие 250 милиони евра се некаде околу 8 проценти од неговиот план, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Канал 5.
– Тој не може 52 месеци да мрдне повеќе од 250 милиони капитални инвестиции. И што ќе се счучи, ќе станат попаметни, поисполнителни, помалку ќе крадат. Ќе донесат тим кој подобро ќе работи, ќе измислат пари, ќе почнат да печатат, бидејќи тие сега не можат да надминат 8 проценти од тоа што го ветуваат, укажува Мицкоски.
Тој информираше за податок од денеска.
– Еве од денес еден податок од септември, индустриското прозизводство е за 8 проценти помало за разлика од лани, градежништвото во јули и август е за 14 проценти помало. Ние требаше годинава да излегуваме од кризата, не може БДП да го качите ако ви е негативно на пример индустриското производство, заклучи Мицкоски.