Индустриското производство во март е зголемено за 3,2 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Пораст е забележан во секторот Рударство и вадење на камен за 9,7 проценти, во секторот Снадбување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,7 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 2,1 процент.
Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај Енергијата за 9,7 проценти, Интермедијарните производи, освен енергијата за 3,6 отсто, Капиталните производи за 1,9 проценти, Трајните производи за широка потрошувачка за 33,2 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 0.9 проценти.
Зголемување на индустриското производство од 3,5 проценти е забележано и во периодот јануари – март во споредба со истиот период лани.