Европските индекси денес се во мал пад, а цената на суровата нафта (WTI) од утрово падна за 1,03 проценти и се продава за 75,23 долари за барел. Според податоците од берзата утрово цената на нафтата брент падна за 0,66 проценти на 78,44 долари.

Германскиот DAX падна за 0,40 проценти, британскиот FTSE 100 падна за 0,10 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,04 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот денес е 1,1607 долари. Цената на златото падна за 0,13 проценти и изнесува 4.350 долари за унца, а цената на пченицата се зголеми за 0,49 проценти на 598,90 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

Американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 0,64 проценти на 51.999,67 поени, SIP 500 падна за 0,57 проценти на 7.511,35 поени, а Nasdaq падна за 1,15 проценти на 26.376,34 поени.