Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори во Скопје ја презентираше новата амбициозна агенда за развој на инфраструктурата. Главната цел на оваа стратегија е да се искористи стратешката позиција на Македонија како важна крстосница на Балканот. Сите овие огромни инграструктурни проекти имаа цел да се донесат економски бенефити за државата и регионот.
Стратешки план за изградба и модернизација на инфраструктурата
Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата активно работи на модернизација на железнички мрежи во целата држава, фокусирајќи се на двата клучни паневропски коридори 8 и 10, како и на кракот 10 д. Според него, само во јануари, 42 км експресни патишта биле ставени во функција, со планирано продолжување на изградбата на нови патни делници.
„Во следниот период, очекувам да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Во месец февруари ќе започнеме со изградба на автопатот Тетово – Гостивар, што ќе овозможи целосно покривање на западниот дел на коридор 8.“, изјави Николоски.
Важни инвестиции за развој на инфраструктурата и подобрен транспорт
Николоски посочи и на нови инвестиции, како изградбата на автопатот Прилеп – Битола и започнување на изградба на нови патни врски во коридор 10. Овие активности се дел од поширокиот проект за инфраструктурен развој. Развојот на инфраструктуратајвклучува подобрување на приграничните патишта и изградба на брза железница што ќе го поврзува регионот со централна Европа.
„Во делот на коридор 10, ќе работиме на изградба на нови патни врски од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија. Работиме и на проект за брза пруга што ќе овозможи транспорт на патници и стоки со високи брзини,“ изјави вицепремиерот.
Подобрени транспортни решенија
Николоски истакна и значајни напори за развој на авиосообраќајот. Во 2024 година Македонија ќе има нови 9 дестинации, што ќе ја зголеми поврзаноста со Европа и светот. Додека за граничните премини, во тек е процесот на модернизација и проширување на премините Богородица, Ќафасан и Деве Баир. Процесот е со цел да се постигне поголема функционалност и поефикасност во сообраќајот со развој на инфраструктурата
„Веќе имаме договор со Грција за зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, а со Србија и Косово работиме на имплементација на „One Stop Shop“ што ќе го забрза товарниот и патничкиот сообраќај,“ додаде Николоски.
Заклучок: Стратешка насока за идниот развој
Проектите кои ги најави Николоски се во согласност со стратегијата за регионален развој и инфраструктурен напредок. Владата продолжува да инвестира во инфраструктурата за да ја подобри транспортната поврзаност со Европа и да создаде нови економски можности во државата. Ова е важен чекор кон зајакнување на економијата и поефикасното поврзување на Македонија со соседите и глобалниот пазар.