Купувачите од апаратот со име „Господин Го Пица“, може да бираат помеѓу четири врсти пица кои чинат од 4,5 до шест евра.
Машината го меша тестото и става фил, а купувачите тоа може да го гледаат низ малиот стаклен прозорец. Оние кои пробале различно реагираат на оваа иновација со коментари од „прифатливо ако брзате“ до згрозување.
-Помала отколку во ресторан, а има и помалку фил, изјавил еден пензионер, пренесува Н1.
Луѓето одамна јадат различни облици на леб или тесто со фил, но општо прифатено е дека пицата е совршена во Наполи, каде долго била улична храна за сиромашни.