Во утринското инетервју за Радио Лидер, министерот за транспорт Александар Николоски вели дека Владата континуирано инвестира во Источна Македонија. Меѓу многуте проекти за овој регион се првото вештачко езеро за рекреација на реката Отиње, викенд населба, обиколница околу Штип и оживување на бањата Кежовица.

Оживување на бањата Кежовица

Во Штип инвестираме многу. Градиме комплетно нова обиколница која отвора во простор околу четвртина плус од тоа што е градот сега. Кога ќе се заврши обиколницата таа се финансира со средства од Владата, оди преку министерството за транспорт и општината. Целиот тој ќе се изурбанизира. Бањата Кежовица којашто има една од најтоплите термални води во Македонија ќе биде директно пристапна на експресен пат или автопат, вели министерот Николоски.

Од Скопје до бања Кежовица за 30 минути преку обиколница околу Штип

Министерот вели дека оваа обиколница која се прави во Штип преведено значи: од дома во пижами до бања во Кежовица нема да ви требаат повеќе од 30 до 40 минути. Тоа ќе значи многу и за гости од странство. Се развива цел нов комплекс кој значи модерен бањски туризам.

Николоски откри кои ќе бидат новите авиолинии од Скопје и Охрид

Вештачко езеро со викенд населби на реката Отиње

Источна Македонија добива многу проекти.

Не застануваме тука. Голем проблем е дека со исклучок на Дојран во источна Македонија нема каде да се релаксираат луѓето. Затоа влеговме во изградба на вештачко езеро во источна Македонија. Сега градиме нова брана и ново вештачко езеро во Штип на реката Отиње. Ова ќе биде прво езеро за рекреација изградено во независна Македонија. Околу него планираме викенд населба. За најголем дел од источна Македонија на дистанца од 10 до 60 минути ќе има каде да се релаксираат летно време по пристапни цени, категоричен е Николоски

Николоски потесети дека последното изградено вештачко езеро е Треска кое за жал пропадна.

Целата емисија погледнете ја ТУКА.