Ирска од денеска претседава со Советот на Европската Унија, а проширувањето останува високо на агендата на Даблин. Новото европско претседателство носи дополнителна политичка поддршка за Македонија.

Ирскиот амбасадор во Македонија, Брендан Вард, најави дека неговата земја активно ќе го поддржува продолжувањето на македонскиот евроинтегративен процес. Фокусот ќе биде ставен на соработката со институциите на ЕУ и со македонските власти, со цел во следниот период да се создадат услови за конкретен напредок.

„Силно ќе ја поддржуваме  Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија и ќе работиме заедно со партнерите во Унијата и со властите во Скопје за да видиме каков напредок може да се постигне“, изјави Вард.